| 19.06.2018. ЗДРАВА ХРАНА

Често се случува да сакаме да направиме нешто и на крај да сфатиме дека некако сме замесиле малку повеќе тесто од потребното. Овој пица ролат е идеално решение за таквите ситуации.

Само развлечете го тестото во кора, додадете малку кечап, кашкавал и некој сувомеснат производ и веќе имате брза и лесна вечера.

Состојки:
– 600 g бело меко брашно
– 2 јајца
– 1 коцка свеж квасец
– 150 g маргарин
– 300 ml топло млеко
– 1 лажица масло
– 1 лажица шеќер
– 1 лажичка оригано
– 1 лажичка сол
– 200 g кашкавал
– 200 g шунка (или друг совемеснат производ)
– 100 ml кечап

 
 

Начин на подготовка:
Во млака вода додадете го квасецот и мешајте со жица. Во друг сад ставете го брашното, солта и маргаринот исечкан на листови и убаво измешајте.

Во садот со млеко додадете го шеќерот и маслото и едно јајце и убаво измамете со жица. Потоа млекото и квасецот додадете ги во садот со брашното и маргаринот и замесете тесто.

Оставете тестото да нарасне околу 30 минути. Кога ќе биде готово ставете го на набрашнета површина и поделете го на два дела.

  
 

Тестото развлечете го во кора и врз неа додадете кечап, шунка и кашкавал, кулен, чајна… Преостанатото јајце измамете го со виљушка и премачкајте ги краевите на кората.

Потоа свиткајте ја кората во ролат. Повторете ја постапката и со другото тесто. Готовите ролати исечете ги на парченца со дебелина од околу 3 сантиметри и печете ги во плех обложен со хартија околу 30 минути на 200°C.

Pica-rolat-04

 
loading...
 

(16)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени